senka
Улогата на водата во човековиот организам

Човековото тело е функционално зависно од постојаното снабдување со свежа вода богата со минерали. Водата е хидрататор на сите телесно течности: крвта, водните патишта во нашиот нервен систем, ткивата. Многу е важно водата што ја пиеме да биде без никакви загадувачи, да биде високо нивото на минерали и вредноста на pH факторот да биде оптимален за нашето добро здравје.

ЗОШТО НА ОРГАНИЗМОТ МУ Е ПОТРЕБНА ВОДА?
Д-р Давид Г. Вилијамс: „Алтернатива за здрава и свесна личност“

„Секогаш кога зборувам за опасностите од пиењето на вода од чешма, добивам по неколку писма во кои се вели дека нашата хлорирана вода е една од најдобрите на светот. Дозволете ми да дадам неколку коментари по тоа прашање. Прво, хлорот не пружа никаква заштита од пестициди, вируси и други небактериски загадувања. Второ, хлорот понатаму преминува во соединение кое се нарекува трихалометан кој се поврзува со зголемениот број на случаеви на рак и мртвородени деца“.

Знаеме дека водата која ќе ја испиеме го наоѓа својот пат до секоја клетка од организмот. Таа го подобрува внесувањето на кислород, ги отстранува отпадните и ги испира токсичните материи. За животните функции на секоја клетка е потребна исправна и урамнотежена содржина на водата. Затоа кога содржината на водата падне за 2% се чувствуваме уморни, а кога ќе падне на 9%, доаѓа до здравствени проблеми.

Организмот на просечна возрасна личност се состои од 35 – 50 литри вода; мозокот, срцето и мускулите содржат 75%, крвта 83% и белите дробови 86%. Воздухот кој го вдишуваме мора пред влегувањето во белите дробови потполно да биде заситен со вода, што значи дека без вода не можеме да дишеме. НИЕ СМЕ ОНА ШТО ПИЕМЕ.

Голем број на луѓе не ја надокнадуваат водата во својот организам во доволна мера, и покрај неспорната и далекусежна корист на таквото однесување, дигестивниот, нервниот и имунолошкиот систем функционираат подобро, човек станува енергичен и ментално пожив, а кожата се подобрува и станува помека.

Новости
 
© 2006 Vivatap® Macedonia, All rights reserved